КАБЕЛ НЕТ Телевизија
Кабел Нет телевизија е основана 1995 година во Струмица како прва кабелска телевизија во Македонија со 16 ТВ програми.Денес на корисниците им се достапни 60 ТВ канали , Интернет и телекомуникациски (фиксна телефонија) услугу со врвен квалитет. Исполнета е високата и одговорна задача да стане лидер во понудата на услуги по кабелската мрежа,која беше поставена од самиот почетокот на создавањето на фирмата.За таа цел раководството на фирмата вложува солидни инвестиции за висока технологија и квалитет на услугите. Резултат на постојаните активности и вложувања во осовременувањето на кабелската мрежа е стабилниот и брз пренос и квалитетен прием кај крајните корисници.
|