|
Телефонијата веке стотина годни е присутна во нашиот живот и работи на многу едноставен принцип: ја подигнуваш слушалката, го внесуваш бројот, на другата страна ѕвони телефонот, некој се јавува и разговорот може да почне. Кога ке завршите со разговорот ја поклопувате слушалката. Еднставно, зарем не? Зошто да менуваме нешто што вака едноставно и добро работи? И што е уште најважно – речиси секогаш работи. Дури и кога ке снема струја. Човек може 100 % да се потпре на телефонот. Или пак и не? Колку мобилните се вклопуваат во ова? Добро, имаат додатна предност, работат од секаде, но сепак не се толку совршени како класичниот телефон. Зошто тогаш ни треба VoIP? Па, за почеток, нели е време во оваа модерна доба на информатичка револуција сепак, по прашањето за телефонијата, да одиме понапред? Зарем не е време да ја унапредиме лепезата на услуги која ни ја дава обичниот телефон со нешто ново и возбудливо? Зарем не ни покажа мобилниот телефон дека во целата приказна има и нешто повеке? Барем пораки, ако не можеме да се сетиме на ништо друго. До вчера телефонската жица служеше само за едно – телефонирање. Со појавата на ADSL-от се проширија можностите на обичната жица. Сега по истата таа жица патува и интернет и, телевизија и други чуда. Дали не е време за напредна технологија? Би се изненадиле со фактот дека VoIP воошто и не е нова технологија која во различни облици се појавува дури од 1970-те, но не е била доволно практична бидејки мрежите за податоци не биле доволно брзи и ефтини, а и компјутерите не се биле довоно процесорски јаки. Просечен телефонски разговор кога се пренесуво преку VoIP користи помеѓу 5 и 80 kbps во зависнот од користениот кодек. По правило, ако сакама да користиме кодек кој побарува помал проток низ мрежата, потребно е да потрошиме повеке процесорска моќ за нивно компресирање во помали пакети. А во тоа време (седумдесетите – деведесетите) немало никаков напредок ни на едното ни на дугото. Затоа во последно време сепак полека доаѓа времето на VoIP технологијата. Но, зошто така споро, што ја кочи поголемата присутност на VoIP-от? Па, пред се, VoIP со постоечките денешни стандарди е потешко да се администрира отколку класичната телефонија. Друго, иако техничките можности на VoIP-от се неприкосновени, класичната телефонија е голбално достапна. Но, постојат големи разлики во сфаќањето на VoIP-от помеѓу резиденцијалните, малечки и големи компании. Резиденцијалните, пред се, гледаат на VoIP-от како можност за остварување на ефтини или бесплатни повици кон оддалечени локации, обично на други континенти, кои до сега навистина представуваа најскапи телефонски повици. Во тој дел на приказната совршено се вклопуваат бесплатните програми кои нудат можност за разговарање помеѓу два компјутери без оглед на оддалеченоста и со готово минимални побарувања за проток низ мрежата. Најдобар пример за таква програма е Skype, кој и денес е многу популарен меѓу корисниците ширум светот. Од друга страна, малите компании, намерно низ отворениот код на бесплатните телефонски централи гледаат можност ефтино да дојдат до мнгоу мокни телефонски централи кои ги имаат можностите на најскапите комерцијални централи. Таква најпопуларна централа е Asterisk. Ако говориме за големите компании, кои што работат и дејстуваат на повеќе земји и континенти, тогаш се јасни и видливи заштедите и во бесплатната комуникација внатре во самата фирма. И во овој случај може да се кориси Asterisk, но и многу други комерцијални решенија |
|
Повеќе Артикли...
|
|
|
Bank rates source: Exchange Rates
